Рецепти
Пармиџана (хроно) Ана Ѓорова

Италијански рецепт за модри патлиџани

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Модар патлиџан(500 Грама)

Домат(400 Грама)

Рендан пармезан(50 Грама)

Црвен кромид(1/2 Главица)

Лук(1 Чешне)

Маслиново масло(100 Милилитри)

Оцет(1 Супена лажица)

Свежо оригано(3-4 Листови)

Свеж босилек(4-5 Листови)

Сол(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Измијте ги модрите патлиџани и исечете ги по должина со дебелина 2-3 мм. Посолете ги и оставете ги да отстојат околу 20 минути, а потоа избришете ги и исушете ги со хартиена крпа.
  2. Загрејте ја грил-тавата, премачкајте ја со маслиново масло и пржете ги модрите патлиџани подеднакво од сите страни. Оставете ги потоа врз салфетка за да се отстрани вишокот маснотија.
  3. Лукот и кромидот исечкајте ги ситно и пропржете ги во тава со 2-3 лажици маслиново масло. Додајте ливчиња оригано и пропржете уште 2-3 минути.
  4. Во тавата со кромид додајте ги лупените и исечкани домати и динстајте ги 10-тина минути, а потоа додајте оцет. Варете неколку минути и на крај додајте ги листовите босилек.
  5. Во огноотпорен сад распоредете ред од смесата со доматите и прекријте ги со слој модри патлиџани, потоа наредете повторно ред сос од домати и на крај одозгора изрендајте пармезан. Повторете ја постапката додека материјалот не се потроши и полијте 2 лажици масло.
  6. Печете во загреана рерна на 190°C, околу 30 минути. Печената пармиџана извадете ја од рерна, оставете да се олади, сечете на коцки и послужете.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: