Рецепти
Пататас бравас Ана Ѓорова

Шпански рецепт за печени компири со вкусен и пикантен сос од домати. Послужете ги како мезе, за ручек или како гарнир со ручекот.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Компир(800 Грама)

Маслиново масло(60 Милилитри)

Сол

Маслиново масло(1 Супена лажица)

Кромид(1 мала главица )

Лук(1 Чешне)

Црвен пипер(лут 1/2 лажичка )

Ким(1/2 Кафена лажица)

Бело вино(60 Милилитри)

Домат(300 Грама)

Доматно пире(1 Супена лажица)

Чили сос

Сечкан магдонос(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Компирите излупете ги, исечете ги на парчиња и ставете ги врз намастен плех.
  2. Полијте ги со 60 мл масло, посолете ги и печете ги 40 минути на 210°C. Откако ќе заруменат, превртете ги само еднаш.
  3. Загрејте 1 лажица масло во сад на умерен оган и на него пржете го кромидот додека омекне.
  4. Додајте ги исечканиот лук, ким, црвен пипер и пржете ги 1 минута.
  5. Зголемете ја температурата, додајте го виното и варете го на силен оган 30 секунди.
  6. Намалете ја темепературата, додајте ги исечканите домати и доматното пире и варете го сосот 10 минути или додека да згусне. Повремено мешајте го.
  7. Тргнете го сосот од оган и измешајте го, па вратете го на умерена температура и варете го уште 5-8 минути.
  8. Додајте му малку табаско лут сос и магдонос и посолете го, па сервирајте ги компирите полиени со сосот.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: