Рецепти
Печени ќофтиња во сос Ана Ѓорова

Гурмански ручек за љубителите на месо. Послужете го ручекот со чаша пиво и уживајте во вкусот.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Мешано мелено месо(500 Грама)

Јајце(5 )

Кромид(1 Главица)

Доматно пире(8 Супени лажици)

Лук(3 Чешниња)

Брашно(100 Грама)

Бибер

Сол

Вегета

Сечкан магдонос

Бело вино(100 Милилитри)

Суво оригано(1/2 Кафена лажица)

Вода(700 Милилитри)

Масло(малку )

Рендан кашкавал(200 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Во еден сад ставете го месото, изренданиот кромид, сите зачини и 1 јајце, па сето тоа замесете го.
  2. Со раце правете тркалезни ќофтиња со големина на орев и редете ги во намастен огноотпорен сад.
  3. Попрскајте ги ќофтињата со масло и печете ги во загреана рерна на 190 степени, 20-30 минути.
  4. Во тавче на оган ставете масло, додајте го брашното и пржете со постојано мешање. Откако брашното ќе добие златнорумена боја, додајте вода и мешајте додека да згусне.
  5. Кога ќе ја добие потребната густина, тргнете го тавчето од рингла и додајте 4 изматени жолчки со непрекинато мешање.
  6. Во друго тавче испржете го исечканиот лук. Кога ќе се запржи, додајте го доматното пире, налејте го белото вино и зачинете со бибер, оригано, сол. Ставете го на рингла и мешајте додека да добие посакувана густина.
  7. Тавата со ќофтиња извадете ја од рерна, прелејте ја со црвениот сос, потоа со белиот сос и одозгора изрендајте поголемо количество кашкавал од покрупната страна на рендето .
  8. Вратете ја тавата во рерна и допечете уште 20-30 минути на истата температура.
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Пилешка тава со сланина
Сусам топчиња
Динстано месо со печурки
Рибја чорба од ослич
Пилешко со лимон
Потпечена зелка со наут
Крем салата со колбаси
Триаголници со јаболки и ореви
Рум касато
Корнфлекс пита
Пилешка мусака со сос од рузмарин
Солен куглов со шунка
Колач со три слоја
Пита масленица
Брза салата од брокула
Свинско со свежи буковки
Јагнешко печено со пиво
Риба полнета со праз (посно)
Обланди со бисквити и чоколадо
Коцки со какао
Солени бомбици со маслинки
Чоколадни урми
Бела салата
Полнет крап во рерна
Коцки од гриз и праз
Пита со месо и ајвар
Погача со кулен

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: