Рецепти
Печени макарони со грашок Ана Ѓорова

Одлична идеја за лесен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Макарони(400 Грама)

Грашок(250 Грама)

Јајце(4 )

Кромид(1 Главица)

Кашкавал(100 Грама)

Кисела павлака(250 Милилитри)

Печеница(150 Грама)

Босилек(2-3 Гранчиња)

Француски магдонос

Лебни трошки(50 Грама)

Путер(100 Грама)

Доматно пире(2 Супени лажици)

Коцка за супа-бујон(1 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Во тенџере на оган ставете ја коцката супа со вода да се варат.
  2. Кромидот пржете го во растопен путер во тава на оган.
  3. Кога ќе омекне, додајте ги сечканата печеница, грашокот, ситно сечканите магдонос и босилек.
  4. Потоа додајте ги павлаката и доматното пире и промешајте.
  5. Додајте ја сварената супа од коцка и зачинете со бибер и сол.
  6. Макароните сварете ги настрана, исцедете ги и вратете ги во тенџерето кај што се вареа.
  7. Жолчките измешајте ги во тенџерето со сварените макарони, па со лажица решетка додавајте ги грашокот, печеницата и кромидот од тавата во тенџерето со макарони.
  8. Белките изматете ги со миксер, додајте ги во тенџерето и промешајте.
  9. Правоаголна тава обложете ја со намастена хартија за печење, одозгора наросете лебни трошки и претурете ја содржината од тенџерето во неа.
  10. Крупно изрендајте кашкавал и ставете ја тавата со јадењето да се пече 20 минути на 200 степени.
  11. Макароните исечете ги на коцки и така служете. Може одозгора да ги декорирате со кечап.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: