Рецепти
Печено свинско со јаболки Ана Ѓорова

Вкусно и сочно полнето свинско филе во рерна со јаболки

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свинско филе(1,250 Килограм)

Колбас(200 Грама)

Јаболко(250 грама + 8 помали )

Брашно(1 Супена лажица)

Бело вино(2 Чаши)

Мед(1 Супена лажица)

Див (мечкин) лук(10 Парчиња)

Лебни трошки(60 Грама)

Маслиново масло(4 Супени лажици)

Рузмарин

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Во тенџере ставете ги 250-те грама јаболки (црвени), претходно излупени и исечкани на парчиња. Додајте 3 лажици вино и лажица мед, па оставете да зоврие смесата. Постојано мешајте додека не испари течноста.
  2. Потоа додајте ги исечканиот див лук, исечканиот колбас, лебните трошки и измешајте ја целата смеса, па оставете настрана да се олади.
  3. Свинското филе истенчете го со дрвен чук. Одозгора ставете од смесата, завиткајте во ролат и заврзете со кујнски конец.
  4. Така подотвеното свинско филе, ставете го во тавче премачкано со масло, посолете и додајте бибер и рузмарин по вкус.
  5. Печете во загреана рерна на 180 степени. Постепено вадете го тавчето од рерна и додавајте по чаша бело вино. Печете го месото околу 1 час. На половина од печењето додајте ги останатите цели 8 јаболки, измиени и исушени.
  6. Во чаша измешајте ги брашното и останатото вино, додајте ги на крајот од печењето на месото и оставете да се пече уште неколку минути.
  7. Сервирајте го месото преливајќи го со сосот во кој се печеше и со печените јаболки. Добар апетит!
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: