Рецепти
Пелистерска тава Ана Ѓорова

Богата и разновидна тава од свинско месо со зеленчук и кисело млеко

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свинско каре(1 Килограм)

Свежи шампињони(400 Грама)

Овчо кисело млеко(400 Милилитри)

Бело вино(200 Милилитри)

Вода(200 Милилитри)

Кромид(2 Главици)

Кисели краставички(5 )

Јајце(3 )

Сенф(1 Супена лажица)

Вегета

Сол

Бибер

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Свинското месо (каре или кртина) се сече на парчиња, се исчукува и се става од двете страни сол, вегета и бибер. Се остава да отстои 20-тина минути.
  2. Потоа се пропржува на тивок оган во масло и се вади во чинија.
  3. Настрана се сечка кромидот, печурките на тенки листови и киселите краставички на кругови.
  4. Во подлабок сад се става кромидот да се пропржи, потоа се додаваат печурките и краставичките. Се зачинува со 1 лажица вегета и 1 лажица сенф, потоа се налеваат виното и водата. Се вари на тивко 10-15 минути.
  5. Настрана се меша киселото овчо млеко со три јајца.
  6. Во огноотпорен сад се става половина од чорбата, се реди испрженото свинско месо, па над него се дотура преостанатата чорба.
  7. Одозгора со голема супена лажица се нанесува изматеното кисело млеко со јајцата. Се пече на 200 степени околу 45 минути.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: