Рецепти
Пилешка пепиторија Ана Ѓорова

Шпански специјалитет од пиле во сос од бадеми и жолчки од јајце

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пиле(1.6 Килограм)

Кромид(2 Главици)

Морков(1 )

Јајце(2 варени )

Бел лук, излупен и згмечен(2 Чешниња)

Леб(2 парчиња потпечен )

Шафран

Бадеми(15 потпечени )

Бело вино(250 Милилитри)

Пилешка супа(250 Милилитри)

Маслиново масло(100 Милилитри)

Ловоров лист(1 )

Магдонос

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Пилето исечете го на средни парчиња, отстранете му ја кожата (освен на крилцата), па зачинете го со сол и бибер.
  2. Во голема тава со масло на оган пропржете ги парчињата пилешко додека добијат убава златнокафена боја. Тргнете го во сад настрана.
  3. Кромидот и морковот исечкајте ги, а чешнињата лук излупете ги и згмечете ги. Ставете ги во истата тава каде што го пржевте пилешкото и пржете ги 10-15 минути додека омекнат.
  4. Во меѓувреме сварете ги јајцата, одделете ги само жолчките. Потпечете ги бадемите во мала тава, потоа и парчињата леб.
  5. Во аван истолчете ги бадемите заедно со лебот, варените жолчки и шафранот.
  6. Потоа во тавата со зеленчуците додајте ги пилешкото и сосот од бадеми. Додајте го белото вино и гответе додека течноста испари, околу 3-4 минути.
  7. Потоа додајте ја пилешката супа и ловоровиот лист, па гответе околу 35-40 минути или додека месото омекне.
  8. Сервирајте го јадењето во чинија прелиено со сосот и со сечкан магдонос.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: