Рецепти
Пита со ким и зелка Ана Ѓорова

Вкусна и мека пита во која кимот и зелката се полн погодок. Одлична е за предјадење за гостите или за лесна вечера.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Зелка(450 Грама)

Кромид(1 Главица)

Лук(1 Чешне)

Јајце(2 тврдоварени )

Ким(1 Кафена лажица)

Сол

Бибер

Брашно(400 Грама)

Прашок за печиво(1/2 Кафена лажица)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Јајце(3 )

Млеко(300 Милилитри)

Јогурт(100 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Зелката ситно исечкајте ја или подобро изрендајте ја, а кромидот и лукот ситно исечкајте и заедно со половина лажичка ким пропржете ги на малку маслиново масло.
  2. Кога зелката ќе омекне, додајте ги сварените јајца исечени на ситни коцки и зачинете со сол и бибер.
  3. Во брашното измешајте 1/2 лажичка сол и прашок за печиво, па додајте ги јајцата и матете со жица за матење, постепено додавајќи го и млекото.
  4. Кога смесата ќе се соедини, додајте го јогуртот. Добиената смеса треба да биде погуста од смеса за палачинки.
  5. Огноотпорен сад добро премачкајте го и посипете го со брашно, па во него додајте тенок слој од тестото, односно 1/3.
  6. Врз тоа распоредете половина смеса од зелката, па повторно прелијте со 1/3 од тестото.
  7. Врз тоа распоредете ја останатата смеса од зелката и сето тоа полијте го со преостанатото тесто.
  8. Одозгора питата посипете ја со ким и печете ја на 180 степени околу 45 минути.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: