Рецепти
Пита со сланина Ана Ѓорова

Вкусен рецепт за ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(350 Грама)

Маргарин(220 Грама)

Сол(1 Кафена лажица)

Шеќер(1 Кафена лажица)

Вода(220 Милилитри)

Сланина(150 Грама)

Јајце(4 )

Млеко(250 Милилитри)

Слатка павлака(250 Милилитри)

Сирење(100 Грама)

Рендан пармезан(2 Супени лажици)

Бибер(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Во сад просејте го брашното, додајте сол, шеќер, маргаринот исечен на коцки и со постепено додавање на ладната вода замесете тесто.
  2. Тестото оставете го во фрижидер малку да се олади, околу десетина минути.
  3. Кога ќе биде готово тестото, развлечете го со сукало и ставете го во тава за печење и печете 15 минути на 200 степени.
  4. За подготовка на филот, треба да ја исечете сланината на коцки и да ја пропржите малку, да ја исцедите и да ја оставите да се олади.
  5. Во посебен сад искршете ги јајцата и изматете ги малку со жица, па додајте го млекото, зачините и слатката павлака и матете сè заедно.
  6. Кога ќе биде готово тестото прво ставете го сирењето, па потоа смесата со матените јајца, наросете ја пржената сланина и на крај ставете го пармезанот.
  7. Сето ова вратете го на печење уште 25 до 30 минути.

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: