Рецепти

Пита со сливи и чоколадо
Вкусен десерт во кој ќе уживате
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(250 Грама)
Путер(165 Грама)
Шеќер(175 Грама)
Јајце(1 )
Сол(1 Прстофат)
Вода(1-2 Супени лажици)
Слива(500 грама (може и од компот) )
Ванилин шеќер(1 )
Рум(2 Супени лажици)
Цимет(1 Кафена лажица)
Црно чоколадо(150 Грама)
Слатка павлака(2-3 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути
- Измешајте ги брашното, 75 г шеќер и прстофат сол. Додајте 125 г путер (ладен од фрижидер, исечен на коцки), 1 јајце и малку ладна вода, па замесете тврдо тесто.
- Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да одмори половина час во фрижидер.
- Сливите измијте ги, преполовете ги, извадете им ги семките и исечете ги на четвртинки.
- Ставете ги во тенџере на оган, посипете ги со 100 г шеќер и 1 ќесичка ванилин шеќер и мешајте 30-тина минути додека вишокот течност испари.
- Потоа додајте малку рум и цимет и гответе ги сливите уште 10 минути.
- Ако користите овошје од компот, само исцедете го и додајте му ги зачините.
- Тестото развлечете го и префрлете го во намастен калап за печење торти, со тоа што краевите да излегуваат на површината и да ги исечете.
- Рамномерно распоредете го филот врз тестото и печете 25-30 минути во загреана рерна на 180 степени додека краевите на тестото благо заруменат.
- Почекајте питата да се олади, па прелијте ја со чоколаден прелив од 150 г чоколадо растопено со 40 г путер и 2-3 лажици слатка павлака. Одозгора по желба наросете со јатки.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во