Рецепти
Пита со спанаќ и кајмак Ана Ѓорова

Пита од готови кори со сочен фил од варен спанаќ, кајмак и сирење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Готови кори(600 Грама)

Сирење(600 Грама)

Кајмак(150 Грама)

Спанаќ(600 Грама)

Масло(2 Децилитри)

Млеко(2 Децилитри)

Кисело млеко(2 Децилитри)

Газирана вода(1 Децилитар)

Јајце(5 )

Сол

Вегета

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Спанаќот добро измијте го и варете го во солена вода. Кога ќе биде готов, исцедете го и исечкајте го.
  2. Јајцата добро изматете ги, додајте го грубо издробеното сирење, кајмакот, млекото, киселото млеко, сварениот спанаќ, газираната вода, вегета и малку сол. Сè добро промешајте.
  3. Тепсија намастете ја со масло, обложете ја со еден лист готова кора така што на сите четири страни тестото излегува од тепсијата.
  4. Попрскајте ја кората со масло, па ставете уште еден лист и тенко намачкајте го со подготвениот фил. Повторно ставете лист од тестото и повторете ја постапката додека не ги потрошите филот и корите.
  5. На крајот преклопете ги рабовите од тестото и попрскајте со масло. Одозгора ставете уште 2-3 листа тесто и повторно намастете со масло.
  6. Питата печете ја во загреана рерна на 200-220°C, околу 1 час. Готовата пита исечете ја на парчиња и послужете ја топла или ладна.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: