Рецепти
Погачици од компир со блитва Ана Ѓорова

Вкусни погачици со фил од свежа блитва и павлака за вкусно предјадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Млеко(250 Милилитри)

Квасец(1/2 коцка )

Масло(1/2 Чаша)

Сол(малку )

Шеќер(малку )

Јајце(1 )

Компир(2 поголеми варени )

Брашно(500 Грама)

Маргарин(1/2 коцка за премачкување )

Блитва(400-500 Грама)

Павлака

Рендан кашкавал

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Во сад се раствора квасецот со млакото млеко да стаса.
  2. Компирите се варат, се мијат, се лупат и се пасираат, а потоа се мешаат со стасаниот квасец и млекото, маслото, малку сол и шеќер, јајцето и брашното.
  3. Се замесува тесто и се остава 20 минути да стаса.
  4. Потоа се сука кора и се премачкува со маргарин. Се витка како писмо и се остава во фрижидер 20 минути. Оваа постапка се повторува 3 пати.
  5. Во меѓувреме се пржи блитвата колку да омекне и се додава урда или рендан кашкавал и малку павлака.
  6. Тестото се вади од фрижидер и се дели на 2 дела.
  7. Се расукуваат 2 исти кори. Врз првата кора на растојание се става по малку од филот со блитва, па одозгора се става другата кора.
  8. Се сечат кругови околу блитвата со помош на чаша и се формираат погачиците.
  9. Се оставаат да стасуваат уште 20 минути.
  10. Се премачкуваат со матено јајце и се наросуваат по желба со сусам или со морска сол, па се печат додека убаво заруменат.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: