Рецепти
Полнет ширден Ана Ѓорова

Прилепски специјалитет

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јагнешки ширден(4-5 Парчиња)

Телешко месо(500 Грама)

Свинско месо(500 Грама)

Јагнешко месо(500 Грама)

Кромид(1 Главица)

Лук(3 Чешниња)

Сува везена црвена пиперка(4-5 )

Црвен пипер(1/2 Супена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

Сол(1 Кафена лажица)

Ориз(150 Грама)

Маслиново масло(150 Грама)

Вода(250 Милилитри)

Пиво(100 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Секое парче ширден внимателно исчистете го и припремете го за полнење.
  2. Месото исечкајте го на ситни парчиња и измијте ги со вода.
  3. Во тенџере на оган загрејте малку масло, ставете го месото и пржете го 30-тина минути со привремено мешање. Пред крај на пржењето, додајте ситно сечкан кромид и пржете дополнителни 5 минути.
  4. Потоа во тенџерето додајте ги и ситно сечканите суви пиперки и лук, сол, бибер и црвен пипер, промешајте кратко и тргнете од оган.
  5. Оризот измијте го убаво во неколку води и измешајте го со смесата во тенџерето.
  6. Со така добиената смеса од месо и ориз, полнете ги ширдените, отприлика со 2 шаки од смесата за секој ширден и додајте малку од течноста каде што се пржеше месото.
  7. Полнетите ширдени прицврстете ги со дрвени чепкалки и наредете ги во земјен сад. Во садот налејте пиво и вода до половина на ширдените. Зачинете со уште малку црвен пипер и ставете масло.
  8. Печете во загреана рерна на 180°C, околу 90 минути. Проверувајте ги ширдените и кога ќе добијат убава црвенкаста боја од едната страна, превртете ги од другата страна за и таму убаво да се испечат.
  9. Готовите ширдени прелијте ги со сосот во кој се печеа и послужете ги.
Баклава со јаболки
Лут зелник
Расолница
Колач со рогач
Лепчиња со лук и магдонос
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Мариниран ослиќ (посно)
Салата со компири и туна
Јагнешка чорба
Солени бомбици од сирење
Салата со урда и праз
Тава со карфиол и месо
Таан баклава
Печен ролат од свинско каре
Чорба од крап
Јагнешка чорба
Боранија со пилешко месо
Чорба од грав и чадена сланина
Крем бомбици
Гужвана баклава
Крем салата од пиперки и модри патлиџани
Зимница од везени пиперки
Јагнешко со бамји
Свечена слоевита салата
Шербет пита со јаболки
Бајадера со костени
Пита со фил од компир (посно)
Тава ориз на кочански начин
Телешка чорба

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: