Рецепти
Полнети пиперки со јајце
Половините од пиперките се полнат со малку фил за да остане место за јајцата.
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Зелена бабура(2 )
Млад кромид(3 )
Сланина(120 Грама)
Свежи шампињони(50 Грама)
Јајце(4 )
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 30 минути
- Бабурите се мијат, па заедно со дршките надолжно се сечат наполу и се чистат од семките.
- Младиот кромид се сече на крукчиња, месестата сланина на стапчиња, шампињоните на листови.
- На малку масло кратко се пропржуваат младиот кромид и месестата сланина, па се трга од рингла.
- Помала тепсија се обложува со хартија за печење и во неа се редат половините од пиперките. Се полнат со филот од сланина и кромид, па во секоја се додават малку свежи шампињони. Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
- Потоа пиперките се вадат, па во секоја се крши по едно јајце, водејќи сметка да не истече. Се враќаат во рерна и се продолжува со печење додека се стегнат јајцата.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во