Рецепти
Полнети погачки со месо Ана Ѓорова

Домашни погачки со фил од мелено месо, зачини и кромид

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Маргарин(200 Грама)

Масло(1 чаша + 3 лажици за пржење на месото )

Жолчка од јајце(2 )

Млеко(100 Милилитри)

Шеќер(1 Супена лажица)

Сол(1 Супена лажица)

Квасец(1/2 коцка )

Брашно(600 Грама)

Кромид(1 Главица)

Мешано мелено месо(300 Грама)

Белка од јајце(1 )

Италијански зачин (мешан зачин)

Сусам(за посипување )

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

Тесто:

  1. Kвасецот се дроби во млако млеко, се додава шеќерот и се остава да нарасне.
  2. Во подлабок сад со миксер се мати маргаринот со жолчките и со лажиче сол.
  3. Се додаваат 1 чаша масло и нараснатиот квасец, па со постепено додавање брашно се замесува тесто.
  4. Се покрива со крпа и се остава 30 минути да нарасне.

Фил:

  1. кромидот ситно се сечка, се пржи во масло.
  2. Се додава меленото месо, се посипува со мешан, сув зачин и со бибер по вкус, па се продолжува со повремено мешање.

Финална постапна:

  1. Тестото се премесува, па се дели на 25 топчиња.
  2. Секое топче се расукува во круг, на средина се става фил, па се витка во погачка.
  3. Се редат во плех обложен со хартија за печење и се оставаат да нараснат уште 30 минути.
  4. Се премачкуваат со матена белка и се посипуваат со сусам.
  5. Се печат во загреана рерна на 200°C, 20 минути.
  6. Печените погачки се редат во чинија, се покриваат со крпа и се оставаат да се изладат.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: