Рецепти
Сарма од кисела зелка (посно) Ана Ѓорова

Вкусни и посни сарми со фил од мелени ореви и ориз

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кромид(4-5 Главици)

Кисела зелка(1 главица од 2 килограми )

Масло(7 Супени лажици)

Ориз(1 Чаша)

Црвен пипер

Мелени ореви(100 Грама)

Брашно(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Зелката се чисти, се одделуваат листовите и се сечат на половинки.
  2. Филот за сармата се подготвува на следниот начин: кромидот ситно се сечка и се пропржува во 5 лажици загреано масло. Откако ќе омекне кромидот, се додава оризот и се пропржува, додавајќи по малку вода за оризот да не загори. Се меша со дрвена лажица додека се пржи за да не се залепи.
  3. Откако и оризот ќе омекне, се додава малку црвен пипер, се пропржува и кога ќе се тргне од огнот се додаваат мелените ореви и сè убаво се промешува.
  4. Сармите се подготвуваат од листовите кисела зелка, се полнат со филот и се виткаат. Потоа се редат во лонец и се преливаат со толку вода колку да се покријат сармите, а потоа се варат.
  5. Од 2 лажици масло, 2 лажици брашно и малку црвен пипер се прави запршка, па се става со сармите. Одвреме навреме лонецот се протресува и се посолува по вкус.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: