Рецепти
Пудинг од круши и гриз Ана Ѓорова

Вкусен и декоративен рецепт за десерт од печени круши и гриз

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Млеко(500 Милилитри)

Гриз(25 Грама)

Јајце(2 поголеми )

Кафеав шеќер(1 Супена лажица)

Брашно(60 Грама)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Кардамом(1/2 Кафена лажица)

Цимет(1/2 Кафена лажица)

Круша(1 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. 250 милилитри млеко загрејте го во тенџере и пред да почне за врие, додајте го гризот и мешајте со жица непрекинато за да не се направат грутки. Оставете да зоврие и гответе 7-10 минути со повремено мешање за да не загори, па оставете го настрана да се олади.
  2. Рерната загрејте ја на 200 степени и намастете 2 кружни, огноотпорни садови за печење.
  3. Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот додека добиете убава смеса. Додајте ги останатите 250 мл млеко, брашното, оладениот гриз, ванилата и зачините.
  4. Убаво промешајте ги состојките, а потоа од смесата ставете 3/4 во садовите за печење.
  5. Пудингот ставете го во загреаната рерна и печете го 10 минути. Потоа извадете го, ставете по една половина круша и вратете го да се пече уште 30 минути.
  6. Извадете го пудингот од рерна, оставете го да се подолади и наросете го со цимет и кафеав шеќер.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: