Рецепти
Red velvet торта Ана Ѓорова

Red velvet тортата неколку декади наназад се смета за една од највкусните торти. Позната е и под името торта за ѓаволот бидејќи нешто толку богато и вкусно, мора да биде грев. Поради нејзината црвена боја претставува одличен избор за денот на вљубените.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Сол(0.5 Кафена лажица)

Какао(15 Грама)

Несолен путер(115 Грама)

Шеќер(300 Грама)

Јајце(2 )

Матеница(240 Милилитри)

Црвена прехранбена боја(2 Супени лажици)

Бел дестилиран оцет(1 Кафена лажица)

Сода бикарбона(1 Кафена лажица)

Крем сирење(230 Грама)

Маскарпоне сирење(230 Грама)

Шеќер во прав(115 Грама)

Екстракт од ванила(2 Кафени лажици)

Хопла(360 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 50 минути

  1. Загрејте ја рерната на 175 °C и подмачкајте две округли тави од 25 cантиметри.
  2. Во сад измешајте ги брашното, солта и какаото.
  3. Во друг сад со електричен миксер матете го путерот околу 1-2 минути.
  4. Потоа додајте го шеќерот и матете уште 2-3 минути.
  5. Додајте ги јајцата едно по едно, потоа една лажица од ванилиниот екстракт и мешајте додека сè убаво не се соедини.
  6. На страна измешајте ги матеницата и црвената боја и потоа со смесата од брашното наизменично додавајте ги во смесата со јајцата, со тоа што на крај ќе завршите додавајќи го последниот дел од смесата со брашно.
  7. Матете со електричен миксер на најслабо сè додека состојките убаво не се соединат (ако немате матеница замена може да претставува 240 милилитри обично млеко во кое ќе додадете една супена лажица лимон и ќе оставите да отстои 5-10 минути).
  8. Во чаша соединете ги сода бикарбоната и оцетот и брзо додајте ги во смесата.
  9. Работејќи брзо, префрлете ја смесата во двете тави подеднакво и печете околу 25-30 минути.
  10. Откога ќе завршите со печење, оставете тортите да се оладат 10 минути, и потоа извадете ги од тавите, завиткајте ги во фолија и ставете да отстојат во фрижидер минимум еден час. Може да ги оставите и преку ноќ.
  11. За кремот, во сад измешајте ги крем и маскарпоне сирењето со електричен миксер.
  12. Додајте ја другата лажица ванилин екстракт и шеќерот во прав и мешајте додека смесата не стане мазна.
  13. Постепено додавајте ја хоплата и мешајте додека смесата е доволно згустена за да може да намачка.
  14. Откога ќе завршите со овие чекори, извадете ги тестата од фрижидер и пресечете ги на пола, со тоа што ќе добиете 4 кругови.
  15. На чинија ставете едно од тестата, премачкате го со дел од кремот, потоа повторно ставете тесто и повторувајте ја процедурата.
  16. На крај премачкајте ја цела торта со кремот и можете да ја украсите со кокосови снегулки.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: