Рецепти
Ролат со афион
Класичен рецепт за вкусен ролат што одлично оди со шолја кафе или чај
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(4 )
Шеќер(800 грама + 7 лажици )
Масло(200 Милилитри)
Брашно(1 Килограм)
Лимон(1 )
Квасец(1 свеж )
Афион(мелен 500 грама )
Млеко(1 и пол литар + 150 мл )
Цимет(1 ќесичка )
Вода(500 Милилитри)
Маргарин(250 Грама)
Шеќер во прав(125 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути
- Во сад со миксер изматете ги јајцата со 7 лажици шеќер додека шеќерот се растопи. Непрекинато матејќи додавајте 500 мл од врелото млеко.
- Во тенџере со 150 мл млако млеко додајте го квасецот, 1 лажица брашно и 1 лажица шеќер. Мешајте со лажица додека квасецот да се растопи и оставете го да стаса.
- Во длабок сад со преостанатото брашно додајте ги стасаниот квасец, маслото, изматените јајца со млеко и малку изрендана кора од лимон. Замесете тесто и оставете го да стаса 30 минути.
- Во тенџере на оган ставете 500 мл вода, 1 литар млеко и 1 лажица маргарин и мешајте со лажица.
- Откако содржината ќе зоврие додајте ги преостанатиот шеќер и афионот и мешајте додека филот ја добие потребната густина.
- Тргнете го тенџерето од оган, додајте го циметот и промешајте.
- Во длабок сад со миксер пенасто изматете ги преостанатиот маргарин и шеќерот во прав.
- Тестото исечете го на 8 еднакви дела и од секое парче формирајте топка.
- Од 2 топки на набрашнета површина развлечете правоаголни кори, премачкајте ги со маргарин и ставете ги една врз друга, па нанесете фил.
- Свиткајте во ролат и ставете го во тава обложена со хартија за печење.
- На истиот начин подгответе ги и останатите 3 ролати.
- Премачкајте ги со маргарин и печете ги 45 минути во рерна на 200 степени.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во