Рецепти
Ролати со ореви и мед Ана Ѓорова

Вкусни ролати со фил од ореви, суво грозје и мед како одличен десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Квасец(1 пакување во прав или 30 грама свеж квасец )

Брашно(400 Грама)

Маргарин(280 Грама)

Јајце(2 )

Жолчка од јајце(1 )

Шеќер(210 Грама)

Мелени ореви(400 Грама)

Мед(2 Супени лажици)

Рендана кора од лимон

Суво грозје(80 Грама)

Рум

Цимет

Морско оревче

Млеко(2-3 Децилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Квасецот помешајте го со малку брашно, шеќер и млако млеко и оставете го на топло место да стаса.
  2. Маргаринот добро измешајте го со брашното, додајте 1 јајце, жолчка, 60 грама шеќер и стасаниот квасец и замесете тесто.
  3. Оставете го тестото да отстои околу половина час.
  4. За филот: мелените ореви прелијте ги со зовриеното млеко, додајте го медот, 150 грама шеќер, сувото грозје, ренданата кора од лимон, румот, морското оревче и циметот. Сè добро промешајте и оставете да се олади.
  5. Стасаното тесто повторно замесете го и поделете го на 6 дела.
  6. Расукајте го секој дел (околу 35х25 см), премачкајте ги со филот и свиткајте мали ролати.
  7. Ставете ги ролатите еден до друг во намастена тепсија и премачкајте ги со изматено јајце.
  8. Печете ги околу 45 минути на 190°C-200°C.
  9. Откако малку ќе се оладат, посипете ги со шеќер.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: