Рецепти
Ролнички со соја, праз и печурки
Вкусни пити со готови кори и сочен фил што ќе ги обожавате
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Готови кори(500 Грама)
Праз(4 страка )
Свежи шампињони(300 Грама)
Соја трошки(100 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Празот и шампињоните исечкајте ги, а сојата ставете ја во сад со млака вода да отстои 20-тина минути, па процедете ја.
- Во тава на оган загрејте го маслото и потоа пржете го сечканиот праз додека зарумени.
- Додајте 1 чаша вода, вратете на оган и пржете додека омекне празот.
- Кога водата ќе испари, додајте ги шампињоните, мешајте и пржете уште 10-тина минути.
- Смесата тргнете ја настрана и во неа додајте ја сојата, бибер, буковец, вегета, па оставете да се излади.
- Една кора ставете на работната маса, попрскајте ја со масло, додајте уште една кора, попрскајте ја со кисела вода, па ставете ја третата кора и врз неа распоредете го филот.
- Корите подвиткајте ги од страните во должина и свиткајте ги во ролни.
- Редете ги во подмачкано тавче со масло, премачкајте ги со масло и со кисела вода, па исечете ги по желба накосо или право.
- Печете ги во загреана рерна додека заруменат, а откако ќе се испечат, извадете ги од рерна и попрскајте ги со кисела вода и покријте ги со крпа малку да постојат.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во