Рецепти
Руска пита со ореви и чоколадо Ана Ристеска

Фотографијата кажува сè. Неодоливо вкусно 🙂

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Путер(250 Грама)

Јајце(9 )

Шеќер во прав(100 Грама)

Лимон(1 )

Рум(1 Супена лажица)

Брашно(350 Грама)

Шеќер(200 Грама)

Мелени ореви(250 Грама)

Чоколадо од какао(100 Грама)

Брашно(3 Супени лажици)

Ванилин шеќер(1 )

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 80 минути

  1. Кршиме 8 јајца и ги делиме белките од жолчките.
  2. Во садот со жолчките ги додаваме путерот и шеќерот во прав. Матиме со миксер. На покрупната страна од рендето во садот рендаме кора од лимон. Додаваме 350 г брашно и румот. Го месиме тестото со рака додека не се соедини.
  3. Со миксер ги матиме белките и го додаваме шеќерот. Откако ќе се растопи ги додаваме оревите и ванилиниот шеќер. На покрупната страна од рендето во садот ја рендаме чоколадата. Додаваме 3 лажици брашно и мешаме додека филот не се соедини.
  4. На набрашнета работна површина од половина од тестото со сукало развлекуваме кора. Ја ставаме во тркалезна тава за печење намрсена со путер. Врз кората го нанесуваме филот.
  5. Од преостанатото тесто развлекуваме кора и ја ставаме во тавата. Преостанатото јајце го матиме со виљушка и со четка ја премачкуваме питата.
  6. Ја ставаме тавата во рерна и печеме 45 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  7. Питата ја вадиме од тавата и ја сечеме на триаголни парчиња.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: