Рецепти
Шкембе чорба
Битолски специјалитет
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Македонска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
5 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Шкембе(1.5 Килограм)
Морков(4-5 )
Компир(2 )
Лук(2 Чешниња)
Целер(1 Парче)
Магдонос(1 Китка)
Црвен пипер(1 Кафена лажица)
Сол(1 Кафена лажица)
Вегета(1 Кафена лажица)
Бибер(1 Кафена лажица)
Ловоров лист(1-2 )
Брашно(1 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Добро исчистеното шкембе сварете го во солена вода во тенџере и кога ќе зоврие водата, фрлете ја и ставете нова. Кога повторно ќе зоврие водата, оставете да се вари, можете да додадете по желба и јунешка коска да се вари заедно со шкембето.
- Потоа во друг лонец со малку масло пропржете го морковот, додајте исечкан лук и целер исечкан на коцки и оставете да се продинста.
- Исечкајте го вареното шкембе на ленти или коцки и додајте го во лонецот. Малку пропржете го и потоа во лонецот претурете ја процедената супа, зачините и исечканиот компир и оставете да се вари.
- На малку масло ставете 1 лажица брашно, половина кафена лажица црвен пипер и подгответе запршка. Запршката додајте ја во лонецот, промешајте и гответе уште 1-2 минути.
- Истолчете 1 чешне бел лук и промешајте го со исечкан магдонос, малку вода и оцет и ставете по вкус во готовата шкембе чорба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во