Рецепти
Шпански леб Ensaimada Ана Ѓорова

Традиционален шпански благ леб, со потекло од Палма Де Мајорка. Одличен за појадок со путер, мармалад и чаша млеко.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(500 Грама)

Шеќер(160 Грама)

Млеко(180 Милилитри)

Квасец во прав(2 Кафени лажици)

Јајце(3 )

Сол(1 Прстофат)

Путер(200 Грама)

Шеќер во прав(70 Грама)

Ванилин шеќер(2 Пакувања)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Во голем сад ставете го брашното и шеќерот и направете длабнатина во средината. Млекото и квасецот ставете го во средина на длабнатината и со дланките измешајте ја смесата од површината кон дното. Потоа покријте го садот и оставете да отстои 5 минути.
  2. Додајте и сол, 2 јајца, 1 жолчка од јајце и замесете убаво, меко тесто со дланките. Додајте уште брашно ако тестото е лепливо. Откако ќе го изработите, покријте го со кујнска крпа и оставете да стаса и нарасне 45-60 минути на топло.
  3. Стасаното тесто расукајте го врз набрашнета работна површина 50х50 сантиметри. Намачкајте го со путер и почнете да го виткате од површината кон дното како ролат.
  4. Свитканото тесто свиткајте го уште еднаш во круг, не премногу тесно – треба да има простор помеѓу. Покријте со кујнска крпа и оставете да отстои уште 1-2 часа.
  5. Печете во загреана рерна на 175°C околу 20-25 минути додека не добие темнозлатна боја.
  6. Измешајте ги ванилиниот шеќер и шеќерот во прав, а потоа наросете врз лебот.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: