Рецепти
Штипска пита пастрмајлија Saso Iliev

По желба оваа пита може кој сака да стави и јајца инаку штипската пита правилно е без јајца

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(2 Килограми)

Јајце(9 )

Квасец(2 )

Свинска кртина(800 Грама)

Сол

Масло

Свинска маст(200 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  • Пастмајлија (состојки: 1 кг бело брашно – 800 гр свинска кртина – 5 јајца – еден квасец – сол – масло за јадење)
  1. Пред да започнеме со приготвувањето на пастрмајлијата една напомена. Месото е повкусно доколку одлежи 24 часа премачкано со масло за јадење, сол, бибер и буковец.
  2. Започнуваме со подготовка на тестото. Во сад за матење го ставаме целото количество брашно. Брашното го посолуваме по вкус. На брашното му го додаваме претходно растопениот квасец.
  3. Тестото го матиме со електричен миксер со најголема брзина. Во текот на матењето повремено додаваме околу 2 дл вода.
  4. Подоцна додаваме и околу 1 дл масло за јадење, со што го подобруваме вкусот на тестото и побрзо расне. Вкусот ќе го почуствувате откако ќе ја вкусите пастрмајлијата.
  5. По матење од околу десетина минути го оставаме тестото на страна да расне 30 минути. Тестото е веќе стасано. Го вадиме од садот.
  6. На рамна подлога сипуваме малку брашно и го месиме со раце. Подлогата постојано ја посипуваме со брашно за да тестото не ни се лепи и да го добие потребното количество од истото. Со месењето прекинуваме во оној момент кога тестото ќе ја добие потребната мекост.
  7. Откако тоа го постигнавме, со нож го сечеме на парчиња. Парчињата се со големина колку што ни е потребно за да го развлечеме тестото и да ја добиеме поскауваната формма на пастрмајлијата.
  8. Парчињата ги правиме во топчеста форма и убаво ги месиме со рака постојано посипувајќи ги со брашно. Земаме обична тава која ја премачкуваме со путер по целата нејзина површина. Во неа ги ставаме топките тесто и ги покриваме со крпа чекајќи да нараснат. Тоа се некаде околу 15-20 минути.
  9. Во друга тава претходно премачкана со путер ги ставаме топките тесто кои со рака ги развлекуваме. Стандардната форма на тестото за пастрмајлија е приближно елипсовидна. Треба да внимаваме на краевите од тестото. Тие треба да бидат здебелени, со што се остава простор каде што ќе го сместиме месото. Во текот на формирањето на тестото, потопувајте ги прстите во вода за да истото не ви се лепи.
  10. Претходно отстоеното месо го исецкавме на парчиња со мала големина и го ставаме во количество по желба. Треба да внимаваме месото да не го ставаме едно преку друго. Вака подготвените пастрмајлии ги оставаме да отстојат 5-6 минути. Истото постапка ја правиме и со преостанатите две теста.
  11. Земаме една половина маргарин и го сечеме на крупни парчиња кои подоцна ќе ги ставиме врз пастрмајлиите. Ја загреваме рерната на температура од 200 степени целзиусови. Пред да ги ставиме тавите да се печат, на секоја пастрмајлија ставаме по неколку парчиња од маргаринот. Време на печење околу 20-тина минути.
  12. Во метален сад лесно на рака матиме 6 јајца. Со така изматените јајца, ги полеваме пастрмајлиите и ги враќаме да се допечат.
  13. Подоцна краевите од пастрмајлиите ги прамачкуваме со путер и ги враќаме да се допечат уште 5-10 минути.
  14. Пастрмајлиите се готови. Краевите повторно ги премачкуваме со маргарин за да омекнат.

 

  • Штипски пастрмајлии (состојки: 1 кг. брашно – свинска удина – 200 гр. маст – 4 јајца – пакетче квасец (25 грама)
  1. Подготовка: Додајте го растопениот квасец во брашното и со вода замесете средно меко тесто. Изработете го добро тестото и оставете го некое време да постои за да скисне.
  2. Потоа разделете го тестото на 4 еднакви дела, секој дел посебно расплескајте го како за не многу голема погача.
  3. Исечете го месото на ситни парчиња, посолете го и разделете го на 4 дела и ставете го на четирите пастрмајлии. Распоредете го месото врз целите кори, околу секоја кора направете витка од тестото, врз месото ставете парчиња маст и ако сакате црвен пипер.
  4. Ставете ги вака подготвените пастрмајлии во рерна да се печат на 250 степени. Откако ќе се потпечат малку на секоја пастрмајлија ставете по едно изматено јајце и вратете ги во рерната да се испечат. Се сервираат топли.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: