Рецепти
Слатки плетенки со какао Ана Ѓорова

Благи плетенки со фил од какао што се одличен десерт за со кафето

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1 Килограм)

Млеко(600 милилитри + 3 лажички )

Шеќер(200 грама + 4 лажици )

Жолчка од јајце(5 )

Маргарин(50 Грама)

Квасец(50 Грама)

Сол(1 неполно лажиче )

Рум(малку )

Рендана кора од портокал

Рендана кора од лимон

Какао(4 Супени лажици)

Вода(малку )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Во сад за месење се ставаат 600 мл млеко, 4 жолчки и маслото, па се додаваат 200 г шеќер, квасецот, солта, румот, ренданата кора од лимон и портокал и се промешува.
  2. Се додава брашното и се замесува убаво, мазно тесто. Се остава да стасува околу 30 минути.
  3. Во меѓувреме се подготвува филот од какао: какаото се меша со 4 лажици шеќер и со малку вода.
  4. Потоа тестото се дели на 12 топчиња, кои се растегнуваат, се премачкуваат со фил, па се виткаат во ролат. Од три ролатчиња се прави плетенка. Треба да добиете три плетенки.
  5. Така приготвените плетенки се ставаат во намастена тепсија или калап за печење, се премачкуваат со мешавината од какао и се оставаат да стасуваат уште 30 минути.
  6. Потоа се премачкуваат со смеса од жолчка и 3 кафени лажици млеко и се печат во загреана рерна на 200 степени додека убаво заруменат.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: