Рецепти
Суфле со сирење и шунка Ана Ѓорова

Познатото суфле потекнува од Франција, а овој вид е одличен предлог за лесна вечера или ужина

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Сирење(300 Грама)

Шунка(300 Грама)

Јајце(3 )

Путер(150 Грама)

Ананас во конзерва(200 Грама)

Брашно(200 Грама)

Свеж магдонос(1 Китка)

Млеко(0.5 Чаша)

Сол(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. ФИЛ: ставете тенџере на оган, а во него половина од путерот да се растопи. Кога ќе се стопи путерот, додајте 2 лажици брашно и мешајте додека се пржи. Разредете со додавање на малку млеко (половина чаша, но не треба смесата да е многу ретка) и мешајте непрекинато со жица за матење. Тргнете од оган и оставете го тенџерето настрана.
  2. На даска за сечење се сече сирењето на коцки, се додава во тенџерето и се промешува со жицата. Истата постапка повторете ја со ананасот и со шунката.
  3. ТЕСТО: на оган ставете тенџере и додајте 200 милилитри вода. Додајте путер и посолете. Додајте го преостанатото брашно и мешајте непрекинато додека тестото не почне да се одделува од тенџерето.
  4. Во поголем длабок сад скршете 2 јајца и матете ги со жица за матење, а потоа со непрекинато мешање додајте ги во тенџерето со брашното и изрендајте сирење.
  5. Земете земјена тава и премачкајте ја внатрешноста со путер. Потоа ставете еден слој од претходно подготвеното тесто, а врз него од претходно подготвениот фил. Ставете ја тавата во рерна и печете 20тина минути на температура од 200°C.
  6. Откако суфлето ќе добие златно – румена боја, извадете го од рерна и декорирајте со магдонос.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: