Рецепти
Тарт од јаболка Ана Ристеска

Алзашки рецепт за вкусен десерт со јаболка кој можете да го послужите со топка сладолед од ванила

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(250 Грама)

Путер(125 Грама)

Шеќер во прав(30 Грама)

Сол(4 Грама)

Јајце(2 )

Млеко(15 Милилитри (за тестото) + 50 Милилитри (за филот) )

Шеќер(50 Грама)

Крем сирење(100 Грама)

Јаболко(4 до 6 )

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 75 минути

  1. Во длабок сад ставете ги брашното и омекнатиот путер. Замесете ги со раце за да се соединат. Додајте ги јајцето, млекото, солта, шеќерот и матете додека не се соедини смесата. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер 1 час.
  2. За филот, изматете ги во сад јајцето и шеќерот додека не станат пенасти, додајте го млекото и крем сирењето и повторно промешајте.
  3. Тавче за тарт премачкајте го со путер.
  4. Тестото расукајте го со сукало за да биде околу 2-3 мм дебело и ставете го во садот за тарт. Дното избоцкајте го со виљушка.
  5. Јаболките излупете ги и исечете ги на тенки кришки.
  6. Наредете ги кружно над тестото и печете ги 15-20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.
  7. Потоа одозгора прелијте го филот. Повторно печете уште 30-35 минути.
  8. Кога ќе се испече, извадете го, оставете малку да се олади и послужете го.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: