Рецепти
Телешко соте Строганов Ана Ѓорова

Руски специјалитет од телешко месо и печурки што може да се послужи со тестенини, ориз или пире од компири

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Телешко месо(кртина 500 грама )

Свежи шампињони(100 Грама)

Кромид(1 Главица)

Лук(2 Чешниња)

Кисели краставички(1-2 )

Бело вино(70 Милилитри)

Лимон(1/2 )

Брашно(1 Супена лажица)

Павлака(200 Грама)

Сенф(1 Супена лажица)

Копар

Магдонос

Вегета

Бибер

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Месото се мие и се сече на долги ленти околу 4-5 см и широки 1/2 см. Парчињата месо се ставаат во тава за пржење, се зачинуваат со вегета или сол, со бибер и масло, па тавата ја покриваме со капак и ја ставаме во фрижидер.
  2. Откако месото ќе отстои, се става тавата на оган и се пржи месото. Кога ќе испари течноста од месото, го додаваме ситно исечканиот кромид, па кога кромидот ќе стане проѕирен, ги додаваме ситно исечканиот лук и сечканите печурки.
  3. Сето тоа го покриваме со капак и оставаме да се динста во сопствениот сок. Кога течноста ќе испари, додаваме врела вода и покриваме повторно да се динста.
  4. Кога малку ќе омекне месото (не премногу затоа што не смее да се распадне), во тавата додаваме магдонос, копар и кисели краставички, исечени на тенки ленти по должина. Оставаме кратко да се запржи, па во тавата додаваме вино и сок од лимон.
  5. Во друг сад се мешаат павлаката и сенфот, па и нив ги додаваме во тавата. Добро промешуваме, па целат содржина во тавата ја посипуваме со 1 полна лажица брашно.
  6. Мешаме, ја намалуваме температурата на ринглата и динстаме уште 10 минути со често промешување.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: