Рецепти

Тестенини со сос од туна
Вкусен ручек на медитерански начин. Послужете го со чаша бело вино и уживајте.
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Тестенини(1 Пакување)
Доматен сос(500 Милилитри)
Туна во конзерва(1 )
Црни маслинки(10-15 )
Кромид(2 Главици)
Морков(2 )
Млад кромид(2-3 )
Лук(2-3 Чешниња)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Во тенџере на оган ставете 2 дл вода, посолете ја и додајте 1 лажица маслиново масло, па откако ќе зоврие ставете ги тестенините да се варат.
- Во меѓувреме подгответе го сосот: маслото од туната исцедете го во тава на оган во кое ќе ги пропржете ситно исечканиот кромид, лукот, младиот кромид и ренданиот морков.
- Откако ќе омекнат, додајте ги ситно сечканите маслинки и повторно пропржете 1-2 минути.
- Додајте ја и исечканата туна и пржете ја, а на крај додајте го доматниот сос и динстајте го сосот 5 минути.
- Во меѓувреме исцедете ги сварените тестенини и измешајте ги во садот со сосот убаво да впијат од вкусовите.
- Сервирајте ги на чинија и послужете ги со бело вино.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во