Рецепти
Тиквички на тоскански начин Ана Ристеска

Јадењето е доста зачинето, па можете да послужите и свежа салата со него

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тиквичка(3 )

Сирење(150 Грама)

Шунка(100 Грама)

Црни маслинки(100 Грама)

Лебни трошки(60 Грама)

Јајце(2 )

Лук(1 Чешне)

Магдонос

Сол

Бибер

Домат(3 )

Кромид(1 Главица)

Лук(1 Чешне)

Масло

Путер(100 Грама)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 70 минути

  1. Тиквичките се лупат, се сечат по должина и се длабат. Огноотпорен сад се премачкува со путерот и во него се редат тиквичките, па се посолуваат.
  2. Издлабеното од тиквичките, шунката, маслинките, сирењето, лукот и магдоносот ситно се сечкаат  и се ставаат во длабок сад, каде што им се додаваат јајцата, лебните ронки, сол и бибер по вкус.  Смесата добро се меша и со неа се полнат тиквичките.
  3. Кромидот и лукот ситно се сечкаат и се пржат на маслото, па се додаваат излупени и ситно сечкани домати. Доматите кратко се динстаат, се додаваат сол и бибер, па се става сосот помеѓу тиквичките.
  4. Се пече на 180 степени 40-60 минути додека омекнат тиквичките и да се згусне сосот.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: