Рецепти
Торта од лосос Ана Ѓорова

Декоративна и превкусна солена торта од свеж и чаден лосос во одлична комбинација со павлака, краставици и копар

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Лосос(600 Грама)

Лосос чаден(100 Грама)

Краставица(7 поголеми )

Кромид(2 Главици)

Копар(1 Гранче)

Кисела павлака(500 Милилитри)

Лимон(1 )

Желатин(6 ливчиња )

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Исечкајте го чадениот лосос на ситни парчиња.
  2. Потопете ги листовите желатин во ладна вода и оставете ги да отстојат.
  3. Ставете го свежиот лосос во тенџере, прелијте со вода и ставете го на рингла да врие. Кога ќе зоврие, варете 8 минути, па тргнете од оган.
  4. Излупете ги краставиците и исечкајте ги по должина, па на половина. Со лажиче отстранете го средниот дел од краставиците, а остатокот исечкајте го на поситни коцки.
  5. Кромидот исечкајте го на коцки, исто така и копарот исечкајте го ситно.
  6. Во поголем сад ставете го прво лососот исечкан на парчиња, па додајте ги краставичките, кромидот, копарот, 300 мл павлака, бибер, сол и сок од свежо исцеден лимон. Измешајте.
  7. Исцедете го желатинот, измешајте го со остатокот од павлаката и ставете го малку на рингла. Загрејте го, па додајте го во смесата со лосос.
  8. Во кружен калап за торти со пречник 24 см ставете проѕирна фолија, премачкајте ја со масло, па наредете го исечканиот лосос. Врз чадениот лосос нанесете од смесата со варен лосос, израмнете и прекријте со фолија.
  9. Врз фолијата ставете кујнска крпа и смесата ставете ја фрижидер преку ноќ.
  10. Следниот ден на чинија наредете сечкани кругови краставица, па ставете ја одозгора тортата од лосос. Декорирајте со краставица, исечете на парчиња и послужете.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: