Рецепти
Торта со чоколадо и мармалад Ана Ѓорова

Вкусна торта со состојки што веќе ги имате во кујната

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(9 )

Шеќер(130 Грама)

Брашно(90 Грама)

Какао(35 Грама)

Млеко(500 Милилитри)

Шеќер во прав(125 Грама)

Путер(300 Грама)

Црно чоколадо(200 Грама)

Џем од кајсии(100 Грама)

Лимон(1 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

Пандишпан

  1. Пет јајца искршете ги и одделете ги жолчките од белките: белките ставете ги во сад за матење, 4 жолчки ставете во друг сад за матење, а 5-тата жолчка оставете ја во сад настрана.
  2. Изматете ги белките со миксер, додајте 65 г шеќер и матете додека да се растопи.
  3. Преостанатиот шеќер додајте го во садот со жолчките и матете со миксер додека шеќерот се растопи.
  4. Изматените жолчки измешајте ги со изматените белки, додајте ги брашното и какаото и мешајте со лажица додека смесата се соедини.
  5. Нанесете ја во тркалезен калап за печење обложен со хартија за печење и печете го 30 минути во рерна на температура од 180 степени.

Фил

  1. Во тенџере на оган додајте го млекото.
  2. Четири јајца искршете ги и одделете ги жолчките од белките: жолчките додајте ги во садот со 1 жолчка што остана од пандишпанот, додајте го шеќерот во прав и матете со миксер.
  3. Потоа содржината од садот додајте ја во зовриеното млеко во тенџерето на оган и мешајте со лажица. Додајте и малку рендана кора од лимон.
  4. Откако кремот ќе ја добие потребната густина, тргнете го тенџерето од оган и оставете го кремот да се олади.
  5. Во друго тенџере на оган растопете 100 г чоколадо искршено на парчиња и оставете да се излади.
  6. Во сад за матење со миксер изматете 250 г путер додека да стане пенаст, па додајте ги изладениот крем и изладеното топено чоколадо. Изматете со миксерот додека филот се соедини.

Финална постапка

  1. Пандишпанот извадете го од калапот и отстранете му ја хартијата за печење.
  2. Исечете го на 3 еднакви дела: на чинија за торта ставете ја првата кора пандишпан и премачкајте ја со фил.
  3. Повторете ја постапката со останатите кори и филот.
  4. Со преостанатиот фил премачкајте го страничниот дел на тортата, а горната површина премачкајте ја со џемот од кајсии.
  5. Одозгора прелијте ја тортата со 100 г топено чоколадо со 50 г путер.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: