Рецепти
Торта со јапонски јаболки Ана Ѓорова

Јапонското јаболко асоцира на есен, а овој десерт со арома на какао е токму тоа што Ви е потребно во тие денови

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јапонско јаболко(550 грама зрели )

Какао(10 Грама)

Брашно(210 Грама)

Сол(1 Прстофат)

Кафеав шеќер(170 Грама)

Кардамом(1 Прстофат)

Путер(150 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Измијте ги зрелите јапонски јаболки, извадете им ги листовите, излупете ги и исечете ги на поголеми парчиња.
  2. Просејте го брашното и измешајте го со кафеавиот шеќер и прстофат сол и кардамом во прав.
  3. Потоа додајте ги и какаото и тврдиот путер исечкан на коцки (путерот не го оставајте на собна температура да омекне, туку чувајте го во фрижидер или замрзнувач и потоа сечете го). Убаво и брзо со дланките промешајте ја смесата и соединете ги состојките. Треба да добиете грутчесто тесто.
  4. Половина од добиената смеса распоредете ја во кружен огноотпорен сад кој претходно го наросивте со малку шеќер на дното и краевите.
  5. Потоа врз тестото додајте ги јапонските јаболки, притиснете со вилушка и додајте го останатиот дел од тестото.
  6. Тортата печете ја на температура од 180 степени, 40 минути. Пред послужување, оставете ја малку да се олади и наросете одозгора какао.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: