Рецепти
Торта со мармалад и ореви Ана Ѓорова

Домашна торта совршена за роденденската прослава

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(5 )

Шеќер(300 грама и 10 лажици )

Млеко(650 Милилитри)

Масло(150 Милилитри)

Прашок за печиво(1 Пакување)

Брашно(300 Грама)

Какао(2 Супени лажици)

Мармалад од кајсии

Гриз(5 Супени лажици)

Маргарин(250 Грама)

Шеќер во прав(200 Грама)

Мелени ореви(200 Грама)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Јајцата и 300 грама шеќер изматете ги со миксер додека добиете пенаста смеса. Потоа додајте 150 милилитри млеко и масло, продолжете да матите, па додајте го брашното и печивото.
  2. Половина од добиената смеса ставете ја во плех да се пече, а во другата половина додајте какао и во истото плехче печете го и второто тесто (од целата смеса треба да се испечат две исти теста-едно жолто а друго кафено).
  3. За филот: 500 милилитри млеко со 10 лажици шеќер се ставаат на оган, се додава гриз и се вари додека се згусне. Откако ќе се згусне смесата, се додава маргаринот кој е претходно изматен со прав шеќер и се мати сè заедно за да се добие хомогена смеса. Се додаваат и оревите и повторно се меша.
  4. Се става прво темното тесто, се премачкува со мармалад по желба, па врз него се премачкува повеќе од половина од филот.
  5. Жолтото тесто се премачкува со мармалад, па се става врз филот од таа страна што е премачкана со мармалад.
  6. На крајот целата торта одозгора и странично се премачкува со филот и одозгора се наросуваат мелени ореви и парчиња за декорација.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: