Рецепти
Торта со ореви и чоколаден крем
Кремот од чоколадо е многу вкусен, а во внатрешноста тортата е уште поубава
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Белка од јајце(10 за пандишпан )
Шеќер(10 лажици за пандишпан )
Брашно(4 лажици за пандишпан )
Мелени ореви(5 лажици за пандишпан )
Прашок за печиво(1/2 ќесичка за пандишпан )
Какао(2 лажици за пандишпан )
Маргарин(250 грама за фил )
Млеко(500 мл за фил )
Нишесте (пченкарен скроб)(3 лажици за фил )
Брашно(3 лажици за фил )
Шеќер(10 лажици за фил )
Црно чоколадо(100 грама за фил )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути
Пандишпан
- Белките се матат со миксер заедно со шеќерот додека шеќерот се растопи и додека добиете кремаста смеса.
- Во садот со белките се додаваат мелените ореви, какаото, печивото и брашното и смесата се меша со лажица.
- Смесата се претура во тркалезен калап за печење обложен со хартија за печење.
- Се става во рерна и се пече на 200 степени околу 40 минути.
Фил
- Во тенџере на оган се ставаат млекото, шеќерот, густинот, брашното и жолчките.
- Се готви со непрекинато мешање со жица и откако кремот ќе ја добие посакуваната густина, тенџерето се трга од оган.
- Во топлиот крем се додава искршената чоколада и се меша додека да се растопи.
- Во друг сад со миксер пенасто изматете го маргаринот и измешајте го со изладениот крем.
Финална постапка
- Калапот со испечениот пандишпан се вади од рерна, му се отстранува хартијата и се сече на два еднакви дела.
- Првата кора се премачкува со филот, врз него се става втората кора и целата торта се премачкува со фил.
- Се декорира со готварски шприц од преостанатиот фил и се наросува целата торта со ореви или со чоколадни трошки.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во