Рецепти
Торта со цели печени јаболки
Интересен рецепт за лесна торта од цели полнети и печени јаболки со карамел. Уживајте!
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јаболко(10-12 )
Суво грозје(100 Грама)
Сечкани ореви(100 Грама)
Шеќер(100 Грама)
Јајце(5 )
Шеќер(5 лажици за тестото )
Брашно(6 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Јаболките излупете ги и исчистете ги од семките и дршките.
- Наредете ги во круг во тавче бр. 26, наполнете ги со сечканите ореви, шеќерот и сувото грозје.
- Додајте 200 мл вода и печете ги во рерна 30 минути додека да се испечат.
- Во меѓувреме подгответе го тестото: јајцата и шеќерот изматете ги добро со миксер околу 10 минути. За време на матењето постепено додавајте го брашното.
- Испечените јаболки извадете ги од рерна и врз нив прелијте го тестото.
- Вратете во рерна и допечете додека тестото да зарумени.
- Така испечено се вади од рерна и се остава да се излади.
- Откако ќе се олади, се превртува во плиток сад за торта.
- Се декорира по желба: со карамел, шлаг, јатки.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во