Рецепти
Торта со урми Ана Ѓорова

Превкусна торта од урми и ореви со чоколаден фил која со сигурност ќе сакате повторно да ја подготвите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(10 )

Шеќер(5 Супени лажици)

Урми(250 Грама)

Сечкани ореви(250 Грама)

Брашно(2 Супени лажици)

Шеќер во прав(8 Супени лажици)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Млеко(мала шолја околу 100 мл )

Маргарин(250 Грама)

Црно чоколадо(100 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Рерната загрејте ја на 170°C.
  2. Во еден сад промешајте го брашното со сечканите ореви и со сечканите урми.
  3. Поделете ги белките и жолчките.
  4. Белките пенасто со миксер изматете ги со малку сол, па постепено лажица по лажица додавајте го шеќерот и матете со миксерот на најголема брзина додека да добиете смеса како цврст снег.
  5. Потоа во снегот од белки со лажица измешајте ги урмите и оревите.
  6. Смесата распоредете ја врз плех со хартија за печење и убаво израмнете.
  7. Печете ја во рерната додека да добие убава боја.
  8. Потоа извадете ја од рерна, извадете ја хартијата за печење и оставете ја да се излади.
  9. За филот: на пареа изматете ги жолчките со 6 лажици шеќер во прав, ванилиниот шеќер и со мала шолја млеко. Варете и додајте 100 грама чоколадо искршено на коцки и продолжете да мешате додека да се растопи.
  10. Оставете го садот настрана за да се олади смесата.
  11. Маргаринот пенасто изматете го со миксер заедно со 2 лажици шеќер во прав. Додајте го оладениот чоколаден крем и матете со миксер додека се соедини смесата.
  12. Тестото поделете го на три дела и исечете го.
  13. Филувајте ја тортата помеѓу корите и одозгора.
  14. Украсете ја по желба и оставете ја во фрижидер да се олади пред послужување.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: