Рецепти
Тортички со цреши Ана Ѓорова

Италијански тортички со цреши што се подготвуваат многу лесно, а се одличен десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(1 и пол килограм )

Квасец(2 )

Прашок за печиво(1 )

Јајце(2 )

Млеко(1/2 Литар)

Масло(1 Чаша)

Сол(1 Кафена лажица)

Слатка павлака(250 Милилитри)

Цреши(200 Грама)

Шеќер(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Тестото се меси од брашното, квасецот, печивото, јајцата, млекото, маслото и солта, па се става во фрижидер. Се мачка со масло за да не фати кора и се покрива со најлон кеса.
  2. Тестото расукајте го на набрашнета површина и вадете кругови со помош на чаша.

115

3. Круговите тесто ставете ги во плех врз хартија за печење, намачкајте ги со малку масло и со виљушка направете дупки.

4. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.

5. Во меѓувреме исчистете ги црешите од семки, ставете ги во сад со шеќерот, а може да ставите и ликер од цреши или вишни по желба. Оставете ги некое време да отстојат.

6. Изматете ја слатката павлака со миксер.

7. Извадете го тестото од рерна, оставете да се оладат, па потоа секое од круговите исечете го на половина.

116

8. Премачкајте еден дел од тестото со матената слатка павлака, додајте од смесата со цреши, покријте со друго парче печено тесто. Премачкајте го со уште еден слој шлаг, па цреши, па покријте со тесто. Завршете со шлаг и со цреши.

9. Постапката повторете ја додека да ги потрошите состојките. Ставете ги во фрижидер 30 минути пред сервирање.

Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: