Рецепти
Црно-бели бомбици Ана Ѓорова

Брзи и лесни бисквит-бомбици од чоколадо и ванила

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пудинг од ванила(4 Пакувања)

Млеко(1 Литар)

Шеќер(4 Супени лажици)

Маргарин(1 Пакување)

Шеќер во прав(500 Грама)

Црно чоколадо(200 Грама)

Мелени бисквити(по потреба за да се стврднат бомбиците )

Рум(малку )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 20 минути

  1. Пудинзите измешајте ги со 4 лажици шеќер и малку млеко за да се растопат.
  2. Во еден сад ставете го млекото да зоврие, па додајте ги пудинзите и варете додека да добиете густа смеса. Тргнете го садот настрана, оставете да се олади смесата.
  3. За тоа време во друг сад со миксер пенасто изматете го путерот со шеќерот во прав. Кога ќе се олади целосно пудингот, измешајте го со изматениот путер и мешајте со миксер за да добиете хомогена смеса.
  4. Во смесата додајте мелени бисквити по желба, колку смесата да не биде мека и за да може да се прават топчиња. Измешајте добро, па поделете ја смесата на два дела.
  5. Чоколадото ставете го да се стопи, па додајте го во едниот дел заедно со малку рум.
  6. Потоа од двете смеси формирајте топчиња и редете ги во чинија. Може да ги извалкате бомбиците во какао и кокос по желба. Нека стојат во фрижидер пред послужувањето за да се стврднат.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: