Рецепти
Воден бурек Ана Ѓорова

Превкусен рецепт за домашен бурек со мелено говедско месо и фета сирење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Фета сирење(225 Грама)

Мелено говедско месо(115 Грама)

Путер(2 лажици + 300 грама )

Кромид(1 Главица)

Брашно(300 Грама)

Јајце(4 )

Сол

Вода(5 Супени лажици)

Сечкан магдонос(120 Грама)

Млеко(50 Милилитри)

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 150 минути

ФИЛ:

  1. Изронете го сирењето и измешајте го со 1 јајце, 60 грама исечкан магдонос и млекото.
  2. Месото ставете го во тава со 2 лажици путер, додајте го кромидот и пржете го со постојано мешање, 10 минути.
  3. Тргнете го од оган и додајте ги останатите 60 грама исечкан магдонос, солта и биберот.

ТЕСТО:

  1. Брашното измешајте го со 3 јајца, сол и 5 лажици вода. Замесете го тестото, покријте го со влажна крпа и оставете го половина час.
  2. Потоа расукајте го тестото и исечете го на 9 еднакви делови, замесете ги и формирајте топки. Оставете ги под влажна крпа.
  3. Повторно расукајте го тестото до дијаметар од 30 см.
  4. Намастете тава со дијаметар 30 см и височина 4 см. Ставете еден круг тесто и намастете го.
  5. Ставете голем сад со вода да зовире. Наполнете друг сад со ладна вода и ставете го во близина на првиот.
  6. Земете едно тесто, ставете го во садот со врела вода и оставете го 1-2 минути. Внимателно извадете го и ставете го во садот со ладна вода 2 минути. Внимателно извадете го и истиснете ја со рака сета вода.
  7. Ставете го тестото во тавата врз првото тесто. Повторете ја постапката со другите 5 теста.

ФИНАЛНА ПОСТАПКА:

  1. Потоа тестата прекијте ги со филот од месо и сирење.
  2. Останатите теста намокрете ги на ист начин во водата и ставете ги врз филот.
  3. Намастете ја површината и печете го бурекот додека да зарумени, околу 1 и пол час на 180 степени.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: