Рецепти
Воден бурек Ана Ристеска

Вкусен балкански појадок со сирење со кој нема да погрешите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(800 Грама)

Јајце(3 )

Вода(млака 200 Милилитри)

Квасец(1 )

Маргарин(250 Грама)

Сирење(500 Грама)

Магдонос(1 Китка)

Вода(600 Милилитри)

Масло(300 Милилитри)

Сол

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 80 минути

  1. Квасецот го рониме и го додаваме во садот со брашното. Додаваме 200 мл масло и посолуваме. Јајцата ги кршиме и ги додаваме во садот. Постепено додаваме 200 мл млака вода и со рака замесуваме тесто. Оставаме да стаса 10 минути.
  2. Во тенџере на оган го топиме маргаринот. Ги додаваме преостанатите 100 мл масло и промешуваме. Со четка тркалезна тава бр 26 ја премачкуваме со мешавината од растопен маргарин и масло.
  3. Стасаното тесто го размасуваме на набрашнета работна маса. Со сукалка развлекуваме правоаголна кора и ја сечеме на 10 ленти. Од лентите формираме топчиња.
  4. На набрашнета работна маса од првото топче тесто со сукалка развлекуваме многу тенка кора. Со сукалката ја ставаме кората во тавата. Краевите на кората ги свиткуваме кон средината. Со четка ја премачкуваме кората со мешавината од маргарин и масло. На истиот начин развлекуваме уште 4 кори. Ги ставаме во тавата и ги премачкуваме со мешавината маргарин и масло.
  5. Сирењето го дробиме со виљушка и го ставаме врз петтата кора. Магдоносот ситно го сечкаме и го наросуваме врз сирењето. На истиот начин подготвуваме уште 4 кори.
  6. Ги редиме во тавата и ги премачкуваме со мешавината од маргарин и масло. Последната кора ја развлекуваме како и претходните и набрана ја ставаме во тавата. Ја премачкуваме со преостанатата мешавина од маргарин и масло.
  7. Го сечеме бурекот на 8 триаголни парчиња. Тавата ја ставаме во рерна, печеме 30 минути на 190 степени и ја вадиме од рерна.
  8. Во средината на бурекот ставаме 600 мл вода. Ја враќаме тавата во рерна и печеме уште 20 минути на иста температура и ја вадиме од рерна.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: