Рецепти
Зајачко месо во сос Ана Ѓорова

Маринирано зајачко месо со лук во сос од павлака и печурки

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Зајачко месо(1 Килограм)

Маслиново масло(6 Супени лажици)

Лук(2 Чешниња)

Сланина(100 Грама)

Црвен кромид(2 Главици)

Вода(3 Децилитри)

Сенф(3 Супени лажици)

Бело вино(1 Децилитар)

Сечкан магдонос(2 Супени лажици)

Млад лук(2 )

Свежи шампињони(100 Грама)

Хопла(250 Милилитри)

Бибер

Италијански зачин (мешан зачин)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Зајачкото месо исечете го на парчиња, посолете го, наросете црн пипер, полијте го со маслиново масло и додајте го ситно исечканиот лук.
  2. Вака маринираното месо оставете го да отстои во фрижидер 12 часа.
  3. Маринираното месо кратко пропржете го на убаво загреано масло, колку да зарумени од двете страни, потоа наредете го во тенџерето во кое ќе се вари.
  4. Во тавата во која се пржеше месото додајте ја сланината, ситно исечкана на коцки и ситно исечканиот црвен кромид, па заедно пржете ги околу пет минути.
  5. Додајте ги виното, сенфот и водата, па оставете ги да зовријат.
  6. Додајте го сосот во тенџерето со зајачкото месо и оставете го да се вари околу 90 минути на тивок оган.
  7. Пред крај на варењето, додајте ги шампињоните исечкани на листови, павлаката за готвење, исечканиот магдонос и мешавината од сушени зачини по вкус.
  8. Оставете го јадењето да се вари уште малку, потоа зачинете со сол и бибер по вкус.
  9. Готовото јадење сервирајте го со ориз или со златна мешавина од варена пченка, грашак и морков и декорирајте го со сечкан млад лук.
Банана залчиња
Дроб во кошулица
Овесни барови со јаворов сируп
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Посна сарма со праз и шампињони
Филе Велингтон
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Ролат со цимет и суво грозје
Чоколадни бомбици со авокадо
Блага тиква со мед и ореви (посно)
Јагнешка чорба
Солени бомбици од сирење
Пита со јајца и кајмак
Печен ролат од свинско каре
Торта со печурки
Полнети телешки шницли
Крокети од полнети јајца
Банана бомбици со гранола
Солен колач праз и сирење
Домашен крем од кикирики
Лажни лазањи со зелка и колбаси
Кифли со виршла и кашкавал
Романски качамак
Чоколадни коцки со црн грав
Вегетаријански лазањи
Солена пита со маслинки
Полнет леб
Печена скуша (посно)
Тава пилешко со бешамел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: