Рецепти
Зајак на истарски начин Ана Ѓорова

За подготовка на овој специјалитет ќе Ви биде потребно повеќе време, но ќе добиете одлично главно јадење од зајачко месо со богат сос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Зајачко месо(1 Килограм)

Сланина(150 Грама)

Кромид(0.5 Главица)

Лук(4 Чешниња)

Морков(2 )

Доматно пире(2 Супени лажици)

Пченкарно брашно(250 Грама)

Бело вино(1 Децилитар)

Вода(1 Литар)

Магдонос(1 Китка)

Ловоров лист(2-3 )

Рузмарин(1 Гранче)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 150 минути

  1. Зајачкото месо исечкајте го на парчиња, посолете го и наросете го со мелен црн пипер.
  2. Потоа ставете го во тенџере со загреано масло да се пржи. Парчињата месо превртувајте ги од двете страни и посолете по желба.
  3. Откако месото ќе се испржи, тргнете го настрана и во истото тенџере додајте моркови сечкани на коцки, сланина исто така сечкана на коцки и ситно сечкани кромид, магдонос и лук.
  4. Во тенџерето со сланината додајте масло, 2 лажици брашно, малку вода, доматно пире и промешајте.
  5. Додајте го и претходно испрженото месо, налијте вода и додајте ги рузмаринот и ловоровиот лист. Тенџерето покријте го со капак и оставете да се готви, а по извесно време додајте бело вино. Гответе додека не испари течноста во тенџерето.
  6. На оган ставете уште едно тенџере и во него 1 литар вода и масло за јадење. Во зовриената вода додајте го брашното. Со сукалка направете неколку длабнатини во брашното и оставете да се вари качамакот. Потоа оставете го во сад настрана и прелијте го со врело масло.
  7. Послужете го зајачкото месо во чинија, полијте го со сосот во кој се вареше и со качамакот.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: