Рецепти
Зебра колач Ана Ѓорова

Декоративен колач со бадеми и какао што изгледа одлично

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(4 )

Шеќер(1 Чаша)

Брашно(2 Чаши)

Млеко(1 Чаша)

Масло(1 Чаша)

Ванилин шеќер(1 )

Прашок за печиво(1 )

Какао(2 Супени лажици)

Лимон(1 )

Портокал(1 )

Мелени бадеми(100 Грама)

Бело суво грозје(100 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Се матат јајцата со шеќерот и со ванилиниот шеќер, потоа им се додава маслото и млекото. Се промешува, па се додава брашното помешано со печивото и со мелените бадеми.
  2. На крајот се додаваат и сувото грозје (попарено со топла вода и исцедено) и кората од лимон и портокал.
  3. Смесата се дели на два дела. Во едниот дел се става какаото, помешано со неколку капки вода за да нема грутчиња.
  4. Во подлабок, тркалезен сад бр. 26, премачкан со масло и посипан со брашно, на средината во садот се ставаат по 4 супени лажици, прво од едната смеса, па од другата смеса, водејќи сметка секогаш да се ставаат на средина, а самата смеса се разлева и прави идентични шарени кругови.

 

zebra kolac

 

5. Откако ќе се потрошат двете смеси, колачот се става во загреана рерна и се пече на 180 степени околу 40 минути.

6. Откако ќе се испече колачот, се остава 10 минути да се излади и се вади на чинија до целосно ладење.

Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: