Рецепти
Палачинки со млад кромид Ана Ѓорова

Палачинките послужете ги со соја сос или со павлака за вечера или предјадење

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(2 Чаши)

Вода(топла 3/4 чаша )

Сол(1 Кафена лажица)

Масло од сусам(или билно масло 2 кафени лажици )

Масло(1 Кафена лажица)

Млад кромид(6-7 страка )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Измешајте ги брашното, солта и маслата. Додајте ја топлата вода и мешајте ја смесата, па замесете меко тесто. По потреба додавајте уште топла вода. Оставете го да отстои 30 минути.
  2. Во меѓувреме исечкајте го младиот кромид и измешајте го со 1/2 лажичка сол и со 1 лажичка масло од сусам (или билно масло).
  3. Тестото ставете го врз набрашнета површина и поделете го на 8 еднакви дела.
  4. Секое од деловите расукајте ги во кружна кора (20 см) и одозгора наросете ги со смесата од млад кромид.
  5. Потоа свиткајте ги корите во ролати, па во полжав.

 

01

 

6. На набрашнета површина расукајте ги полжавите во форма на палачинки и оставете ги настрана.

7. Во голема тава на умерен оган загрејте неколку лажички масло и пржете ги палачинките по 2 минути од секоја страна или додека добијат златнокафена боја.

8. Така испржените палачинки ставете ги врз салфетки за да се исцедат од вишокот маснотија и сервирајте ги веднаш со соја сос или павлака.

Пилешко со брокули и соја сос
Пикантно пилешко во слатко-кисел сос
Полнети ролнички со месо и зеленчук
Филипински лумпии
Пилешко на индиски начин
Пилешки крилца со сусам
Оризова каша
Пилешко со нудлс
Харусаме со свинско месо
Корејска чорба со тофу
Палачинки со млад кромид
Суши Нори
Кинеско свинско со ананас
Салата од печен наут со кељ
Кинески погачки (посно)
Чанамасала
Златно млеко
Зелка салата со сусам и ѓумбир
Говедско месо на монголски начин
Ориз со печурки
Пападичад
Малајтика
Пржено пилешко со киви
Теријаки сос
Тајландска супа од кокос и пилешко месо
Свинско филе на индонезиски начин
Баба гануш (хроно)
Индиски леб
Пудинг од моркови
Слатко-кисели пилешки топчиња

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: