Рецепти
Чајните колачиња од Алиса во земјата на чудата
Чајните колачиња за растење од цртанот Алиса во земјата на чудата сега можете да ги подготвите дома. Но не ветуваме дека ќе пораснете 🙂
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(3 Чаши)
Сол(1 Прстофат)
Сода бикарбона(1 Кафена лажица)
Путер(227 Грама)
Шеќер(1 Чаша)
Јајце(2 )
Екстракт од ванила(2 Кафени лажици)
Белка од јајце(2 )
Свеж сок од лимон(2 Кафени лажици)
Шеќер во прав(3 Чаши)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути
- Омекнатиот путер матете го со миксер, а потоа постепено додавајте го шеќерот.
- Потоа додајте ги јајцата и екстрактот од ванила. Од кога ќе ги измешате состојкитр, потоа додајте ги солта, сода бикарбоната и брашното и повторно промешајте.
- Тестото завиткајте го во целофан и ставете го во фрижидер 1 час.
- Кога ќе се олади, загрејте ја рерната на 175 степени.
- Тестото извадете го од фрижидер и исукајте го со сукало да биде од прилика 1 цм дебело и до фигури исечете ги колачињата.
- Печете ги 8-10 минути додека не добијат златно кафена боја.
- За глазурата, во миксер матете ги белките од јајцата со сок од лимон.
- Потоа додајте го шеќерот во прав. Кога ќе ја добиете глазурата, распоредете ја во повеќе садови и во секој сад додајте различна боја за храна за да добиете повеќе бои за декорација. Глазурата ставете ја во шприц за декорирање и декорирајте ги колачињата како сакате или како што се декорирани на цртанот (сладете ја следнава шема).
9. Од кога ќе ги декорирате оставете ги да се зацврсти глазурата и послужете ги.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во