Рецепти
Рататуи – Ratatouille (посно)
Рататуи е традиционално француско јадење од Ница кое обично се служи како прилог, меѓутоа може да се послужи и како главно јадење
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Домат(4 )
Кромид(1 Главица)
Модар патлиџан(1 )
Тиквичка(2 )
Бел лук, излупен и згмечен(1 Кафена лажица)
Јаболков оцет(2 Кафени лажици)
Маслиново масло(2 Кафени лажици)
Свеж босилек(1 Чаша)
Сол(1 Кафена лажица)
Бибер(1 Кафена лажица)
Чили во прав(1 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 25 минути
- Загрејте ја рерната до максимум.
- Во дрвен сад за толчење ставете два исечкани домати, масло и јаболковиот оцет. Потоа додајте сол, бибер, чили во прав, лук и босилек, па убаво соединете. Смесата ставете ја во сад за печење.
- Убаво измијте ги зеленчуците, исечете ги на кругови и наредете ги во садот за печење по следниов редослед: кромид, тиквички, модар патлиџан, домат и повторувајте.
- Ставете уште малку маслиново масло врз зеленчуците и зачини по вкус. Печете околу 1 час, додека сосот на површината не врие и зеленчуците не се убаво потпечени. По желба, 5-10 минути пред да го извадите рататуито од рерна, може да наросите со кашкавал.
Bon appétit!
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во