Рецепти
Шпагети со ќофтиња
Вкусен специјалитет
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Мелено говедско месо(450 Грама)
Кромид(1 Главица)
Лебни трошки(2 Супени лажици)
Лук во прав(1/4 Кафена лажица)
Бибер(1/4 Кафена лажица)
Белка од јајце(1 )
Доматен сос(720 Грама)
Шпагети(225 Грама)
Рендан пармезан(5 Супени лажици)
Свеж босилек(исечкан 5 лажици )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Шпагетите сварете ги во солена вода според упатството на пакувањето. Исцедете ги, измијте ги со вода и ставете ги настрана.
- Меленото месо измешајте го со ситно сечканиот кромид (или рендан), лебните трошки, лукот во прав, бибер, сол, 2 лажици сос од домати и една белка малку изматена со виљушка.
- Од смесата формирајте ќофтиња и пржете ги во тава со загреано масло од сите страни додека добијат убава кафена боја.
- Откако ќе се испржат, во тавата додајте го останатиот доматен сос, намалете ја температурата, покријте со капак и гответе 10 минути со повремено мешање.
- Сервирајте ги ќофтињата врз варените шпагети, поросете со пармезан и со сечкан свеж босилек.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во