Рецепти
Алегро колач
Одличен за со шолја кафе
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
10 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(2 )
Шеќер(250 грама + 6 лажици )
Брашно(200 Грама)
Млеко(200 Милилитри)
Масло(100 Милилитри)
Прашок за печиво(1 Пакување)
Маргарин(125 Грама)
Црно чоколадо(40 Грама)
Вода(6 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Во сад за матење со миксер изматете ги јајцата со 250 г шеќер додека да се соединат.
- Потоа додајте ги маслото, брашното, млекото и прашокот за печиво и повторно соединете со миксерот.
- Смесата нанесете ја во правоаголна тава бр. 38 претходно намастена и набрашнета.
- Печете во загреана рерна на 200 степени, 30 минути.
- Откако ќе се излади колачот, исечете го на коцки.
- Во тенџере на оган ставете 6 лажици шеќер, 6 лажици вода, маргаринот и чоколадото искршено на парчиња.
- Мешајте додека преливот се соедини, па прелијте го врз исечениот колач.
- Можете по желба и да го наросите колачот со мелени ореви врз преливот, а се служи откако ќе впие од преливот.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во